Од вкупно 39-те леднички езера на Шар Планина, дури над 20 се наоѓаат на територијата на Македонија. Познати се под заедничкото име Шарски Очи.
На 8 Септември оваа година, заедно со членови на МЕД (Македонско еколошко друштво) и со планинари од ПК „Љуботен“, ги посетивме Големото Караниколичко Езеро (Голем Ѓол) и Малото Караниколичко Езеро (Мал Ѓол). Овие езера се наоѓаат во Караниколичката област, на над 2.300 метри надморска висина. Жителите на околните села ја сметаат водата во Голем Ѓол за лековита. Ова езеро се полни со вода од поголем број подводни извори, за разлика од малото, кое нема вакви извори.

Од Лешница, каде што ги оставивме автомобилите, до езерата стигнавме за помалку од три часа. И овој пат се уверив дека Шара секогаш има да понуди импресивни глетки и незаборавни мигови. Мене особено ми беше интересно Малото Караниколичко Езеро поради специфичната кафена боја.
Во некоја следна пригода ни преостанува да видиме дел од другите леднички езера на Шара.

3 коментари:
Па биваше ли без мене да идете на вакви места.Поздрав од Гоки
Знаеш дека многу сакаме да шетаме со тебе по вакви места:), само ти најди слободно време:).
Поздрав
Па биваше ли без мене да отидете
:)
Објави коментар