сабота, 23 август 2008

Тресонче

Очекував тоа да биде извонреден викенд. Уште една авантура низ планините во Македонија. Овој пат бевме во Тресонче, мијачко село и една од најстарите населби воопшто. Родното село на Дичо Зограф и Сирма Војвода.
Од селото се упативме кон месноста Три Извори, изворите на Тресонечка Река. До таму се движевме по живописна патека во срцето на планината Бистра. Откако стигнавме до изворите, тргнавме кон врвот Голем Брзовец. За жал, патеката на места беше обрасната со папрат и се губеше, па не успеавме во намерата да се качиме на врвот. Иако бевме изморени, решивме да се прошетаме по кањонот на Тресонечка Река, се разбира до таму до каде што беше пристапно. На наше големо изненадување стигнавме многу подалеку отколку што се надевавме и покрај тоа што кањонот е тешко пристапен, а ние немавме соодветна опрема. Бевме воодушевени од она што го видовме и воопшто не ми беше жал што не се качивме на врвот Голем Брзовец. Од многуте водопади кои се наоѓаат во овој кањон, ние видовме три. Иако се задржавме подолго отколку што планиравме, се вративме токму на време за да ги поставивме шаторите.
Следниот ден, планиравме да одиме на изворот Змејовица, но и покрај упорноста не успеавме да го најдеме. Тоа значи дека имам уште една причина за да дојдам тука повторно. Оваа наша авантура ја завршивме со посета на пештерата Алилица и на водопадот Дуф, кој се наоѓа во близина на селото Ростуше. А за да ви доловам мал дел од она што го видовме ќе ви ги приложам следниве фотографии:

3 comments:

Retry said...

Mnogu dobri slikive, posebno tie "vodestite".

Anonymous said...

Честитки за првенчето и се надевам дека ќе гледаме усте многу вакви убавини:)

Биба said...

Се разбира, ќе ми биде задоволство да ви ги претставам :)))