Дали сте се запрашале, каква е глетката во која како на дланка, истовремено може да се гледаат Охридското и Преспанското Езеро? Претпоставувате тоа може да се долови од планината Галичица, поконкретно од врвот Магаро. Тоа е највисокиот врв на Галичица, кој се наоѓа на нашата територија.
Варовничкот состав ја прави оваа планина една од најсушните во Македонија. Постојат само неколку постојани извори, додека пак охридското крајбрежје е мошне богато со вода. Секако најпознати се изворите кај Св. Наум, кои пред да се влеат во Охридското Езеро формираат мал езерски базен.
Галичица во себе крие бројни тајни. Според најновите истражувања, во нејзината утроба се наоѓа подземно езеро, чија количина на вода е двојно поголема од онаа на Преспанското. Се претпоставува дека таа вода се акумулира од дождовница како и од водата која истекува од Преспанското Езеро, поради тоа што се наоѓа на поголема надморската висина. Според други истражувања и дел од водата, од изворите кај Св. Наум потекнуваат од ова езеро.
Но за сите овие работи сè уште со сигурност не може да се говори. Во тек се истражувањата за проектот “Одржливо управување со меѓународните води на Преспанското Езеро“, кој се реализира од 2005 година и има за цел извршување на обемни истражувања за спас на Преспанското Езеро. Финализирањето на овие истражувања ќе дадат одговор на дел од прашањата.
Она во што можеме да бидеме сигурни, е магијата која нè обзема додека се движиме по патеките на Галичица. За среќа ние ја почувствувавме, онаа мистична есенска магија, обоена во жолти, црвени, портокалови и зелени лисја.

|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
4 comments:
Прекрасно,спој на најубава природа и есен
А и фотографот не е за фрлање,ич;)))
Oбожавам есен:),и ти така? Или повеќе беше по летото? :)))))))
Се’ е добро во убав сончев ден ;)
здраво!
Post a Comment