сабота, 10 јануари 2009

Беловиште

Во непосредна близина на градот Тетово се наоѓа с. Беловиште. Тоа е печалбарско село чии иселеници во најголем број ги населиле САД, а моментално во селото има околу 260 постојани жители.
Привлечно за туристите го прават живописната природа, пред сè водопадите на Беловишка Река (заштитниот знак на Беловиште), месноста Петочко Водиче во која се наоѓаат угостителски објекти, базен, црквите Света Петка, Свети Јован Крстител итн.
Беловишка Река извира од под врвот Пирибег на Шара. Доволно е чиста, така што жителите на Беловиште ја пијат без прочистување. Иако не пресушува во текот на целата година, најголема е во текот на месеците април и мај, кога се топат снеговите.
Најмалиот од трите водопади, познат под името Враживир, се наоѓа во месноста Петочко Водиче. До останатите два водопади (Горна и Долна Цкала) се стигнува по некокучасовно пешачење по обележана планинарска патека. Овие водопади според висината на падот се едни од највисоките во Македонија, по Битушките водопади (околу 50 метри) и водопадот на Длабока Река (над 130 метри).
Месноста Петочко Водиче името го добила по лековитиот извор, кој се наоѓа таму, а е прогласен и за најчист во Македонија. Луѓето како порано така и денес доаѓаат на овој извор со надеж дека неговата лековита вода ќе им донесе здравје.
Во Петочко Водиче, со автомобил може да се стигне до ширинката, која се наоѓа под убавооформениот простор со базен и угостителски објект. Додека до црквите Света Петка и Свети Јован Крстител, се стигнува откако ќе ја поминете реката по мало железно мовче.
Се надевам дека овие сознанија се доволно интригантни за вас, и ќе бидат причина да го посетите Беловиште кога ќе почувствувате потреба да избегате од градската гужва и да поминете пријатни мигови во природа.

2 comments:

Anonymous said...

Gospogice-go Biljana Stajkovka. Ve izvestuvam deka imeto na Biljaniniot slap Bilanja's Slope e posveteno na soprugata na avtorot na istoimeniot trud Biljaniniot slap koj sto e objaven od starna na pecatnica ad napredok tetovo so USBN 9989-730-40-7, 2004 godina. Dokolku ne ste ja procitale monografijata za Biljaniniot slap ve molam da ne go koristite imeto na fotografijata.
Profesor doktor Dragan Vasileski

biba said...

Господине Драган Василевски, морам да напоменам дека вашиот коментар е неоснован, бидејќи јас го имам фотографирано слапот, но го немам употребено името кај сликата.